Министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, денес оствари средба со директорката на Инспекторатот за употреба на македонскиот стандарден јазик, Менче Андреева.
Инспекторатот започна со работа во јули 2025 година како орган во состав на Министерството за култура и туризам.
На средбата беа разгледани тековните и планираните активности на институцијата, со посебен акцент на заштитата и унапредувањето на правилното користење на македонскиот стандарден јазик.
Министерството за култура и туризам ќе продолжи да ја поддржува работата на Инспекторатот во насока на неговата целосна функционалност и ефикасно спроведување на законските надлежности.