Во Театар Комедија за утре (20.12.2024), во 20:00 часот, е закажана премиерата на претставата „Арсеник и стара тантела“, работена по текст од Џозеф Кеселринг, во режија и адаптација на Лидија Дедовиќ.
Улогите ги толкуваат: Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски, Сергеј Димоски, Столе Мицов, Григор Јовановски, Тони Денковски, Жаклина Петровска, Илија Илиоски и Виктор Арсов. Костимите се на Ивана Каранфиловска, а музиката е на Џијан Емин во соработка со Оливер Јосифовски.