Во Загреб отворена изложба на Рафаел Ристовски и концерт на сопранот Гиновска-Илкова

од admin_kult

Во просториите на македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, во саботата, пред многубројна публика, беше отворена изложба на Рафаел Ристовски со наслов „Градски рефлексии“. По отворањето на изложбата, публиката имаше ексклузивна можност да го проследи концертот на еден од водечките македонски драмски сопрани, Весна Гиновска-Илкова, која настапи заедно со македонската пијанистка Јасна Аврамовска Костенарова. Концертната програма, која опфати дела од македонски композитори, како: Скаловски, Аврамовски, Прокопиев, Зографски, Стојков, Андреева, Светиев, Цанев, Голабовски и Џамбазов, понуди незаборавно уметничко доживување со беспрекорна вокална техника, огромна музикалност, харизма и моќен сценски настап.

Изложбата на младиот уметник Рафаел Ристовски ја отвори директорката на македонскиот КИЦ, Мими Ѓоргоска-Илиевска, која, меѓу другото, истакна дека со разновидните композиции на дела се презентираат разновидни лични дијалози на авторот, кој ја обработува темата на урбаната природа, со која сме секојдневно опкружени и која на некој таинствен начин не ја забележуваме. Авторот ја истражува и има цел да ја покаже градската природа, која е таква каква што ја создал човекот, простор каде што се случуваат голем број секојдневни моменти.

Пред почетокот на настанот што го проследија многубројни гости од хрватската културна јавност и претставници на дипломатскиот кор, свое поздравно обраќање имаше амбасадорот на РС Македонија во Хрватска, Милаим Фетаи.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе