Меѓународна конференција „Европската рута на Светите Кирил и Методиј во културното наследство на Скопје и Скопско“

од admin_kult

Во организација на Институтот за македонска литература при УКИМ,  денеска и утре (8 и 9 октомври) во Скопје ќе се одржи Меѓународната конференција „Европската рута на Светите Кирил и Методиј во културното наследство на Скопје и Скопско“.

Свеченото отвoрање и работниот дел на Конференцијата, која е дел од програмата „Европската културна рута на Светите Кирил и Методиј“ на Советот на Европа, ќе се одржат во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ со почеток во 10:00 часот.

Присутните на настанот ќе можат да ја проследат и изложбата „По трагите на Свети Кирил и Методиј“, во организација на Амбасадата на Република Словачка во Скопје, Институтот за македонска литература и Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе