Изложба „Анатомија на муралот – Илинден 1903, Борко Лазески“ во Музејот на македонската борба 

од admin_kult

Во чест на 121-годишнината од Илинденското востание и 80 години од Првото заседание на АСНОМ – темелникот на македонската државност, во НУ Музеј на македонската борба за самостојност на 31 јули, среда, во 19:30 часот  ќе биде поставена изложбата „Анатомија на муралот – Илинден 1903, Борко Лазески“.

Во рамките на изложбата, пред јавноста ќе бидат претставени 24 скици и цртежи изработени од познатиот уметник Борко Лазески, коишто послужиле како план за монументалната фреска „Илинден 1903“.

Автор на изложбата е Марија Коробар.

Изложбата се организира во соработка со Асоцијацијата за култура ИКОН од Скопје, а ќе биде отворена до 30 ноември 2024 година.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе