Најава до медиумите за отворање на работилницата„Борба против недозволената трговија со културни добра во Западен Балкан“

од admin_kult

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, утре (8 јули) во 9 часот во Музејот на македонската борба ќе се обрати на работилницата „Борба против недозволената трговија со културни добра во Западен Балкан“. На отворањето на настанот, присутните ќе ги поздрават и Синиша Шешум и Матео Росати од Регионалното биро за наука и култура на УНЕСКО во Европа. 

Петдневната работилница е во насока на подигнување на свеста и градење капацитети за борба против недозволената трговија со културни добра за различни категории клучни институции и други засегнати страни.

Учесници ќе бидат меѓународни и национални експерти, претставници од министерствата за култура и туризам, за правда, за внатрешни работи и од Царинската управа, јавни обвинители и судии, како и музејски професионалци и менаџери на локалитетите.  

Проектот „Борба против недозволената трговија со културни добра во Западен Балкан“ е финансиран од Европската комисија и имплементиран од УНЕСКО преку Регионалното биро за наука и култура на УНЕСКО во Европа со седиште во Венеција и нејзината Антена во Сараево.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе