Денеска во просториите на Министерството за култура се одржа конститутивна седница на Советот за култура, стручно и советодавно тело на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.
Членови на Советот за култура се: Ѓунер Исмаил, Бедија Бегова, Бајруш Мјаку, Ивица Зориќ, Валентин Соклевски, Славица Петровска-Галиќ, Томислав Османли, Даница Павловска-Циги, Билјана Црвенковска, Анжелика Апсис и Мила Шурбановска.
Членовите на Советот се од редот на истакнати уметници, стручни лица од областа на културата и од јавниот и општествениот живот, по принципот на стручност и компетентност и на соодветната и правична застапеност на граѓаните, кои припаѓаат на сите заедници.
Според Законот за култура, улогата на Советот е да му дава мислења на министерот за култура по прашања од неговата законска надлежност.
Советот за култура се свикува на барање на министерот. Членовите на Советот се избираат за време на мандатот на министерот за култура.