Под слоганот „Диши длабоко и погледни кон небото. Си замисли желба? Се гледаме на Галичник!“, од денеска (3 август) започнува третото издание на „Галичник филмски фестивал“.
По две изданија, од кои првото беше онлајн, и оваа година во официјалната селекција на овој филмски фестивал влегуваат краткометражни филмови од автори од целиот свет. Најавените 20 кратки филма се поделени во три различни категории: играни, документарни и анимирани краткометражни филмови. По проекциите ќе следува и музичка програма.
Фестивалот е во организација на „Дарма филм“ и Месната заедница Галичник, а е со поддршка од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.