Сочувство по повод смртта на писателот и еден од најзначајните хроничари на Скопје, Данило Коцевски

од admin_kult

Министерството за култура упатува длабоко сочувство до семејството на Данило Коцевски и до целокупната македонска културна и општествена јавност по повод смртта на истакнатиот писател, еден од најзначајните современи хроничари на градот Скопје, а во богатата кариера и директор на меѓународната поетска манифестација „Струшки вечери на поезијата“.

Данило Коцевски беше истакнат македонски книжевен критичар, раскажувач, романописец, драматург и поет. Дипломирал на Филозофскиот факултет – Скопје. Работел во весникот „Млад борец“ и во Македонската радио-телевизија. Бил главен уредник на списанието „Разгледи“ – Скопје.

Со група еминентни македонски писатели, беше основач на Здружението на независните писатели на Македонија во периодот1993 – 1994 година, а беше член и на македонскиот ПЕН-центар. Беше и еден од иницијаторите за основање на Институтот за македонска литература на почетокот на осумдесеттите години од минатиот век. Од 2008 до 2012 година ја извршуваше функцијата директор на Струшките вечери на поезијата.

Коцевски има објавено триесетина дела од најразлични жанрови, за кои беше наградуван со еминентни признанија од областа на книжевноста и публицистиката. Негови текстови се преведени на неколку јазици и застапени во неколку антологии. Најпознат беше и како хроничар на градот Скопје со неколку издадени книги и повеќе документарни и телевизиски емисии посветени на градот.

 

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе