Вечер на староградска музика, во организација на НУ ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, ќе се одржи в петок навечер. На платото пред Центарот со почеток во 20:30 часот ќе се одржи манифестацијата „Звуците на градот“, која веќе неколку години предизвикува интерес. Ќе се претстават групи што ја негуваат староградската музика. Своите достигнувања преку песната ќе ги пренесат Женската пејачка група „Преродба“, пејачката група „Орхидеја“, КУД „Пере Тошев“, „Октет Прилеп“ и КУД „Пензионер“.