Музичката програма на „Охридско лето“ за вечер го нуди целовечерниот концерт на Даниел Милер-Шот, еден од најбараните виолончелисти на денешницава.
Милер-Шот е присутен на сите големи концертни подиуми. Веќе неколку децении ја одушевува публиката како голем амбасадор на современата музика преку неговите идеи за обединување на музиката, литературата и визуелната уметност.
На програмата на вечерашниот концерт што ќе се одржи во катедралната црква „Света Софија“ од 21 часот се избрани дела од Јохан Себастијан Бах.