Проектот „Пиета во прекривките на ургентноста“ на мултимедијалниот уметник Велимир Жерновски ќе ја претставува Македонија на 61. Биенале за уметност во Венеција, што ќе се одржи од 9 мај до 22 ноември 2026 година.
Македонскиот павилјон ќе биде сместен во „Спацио Кастело 77“, на самиот влез во Арсенале, една од главните изложбени локации. Настапот го организира Музејот на современата уметност од Скопје, под покровителство на Министерството за култура и туризам. Куратори се Тихомир Топузовски и Аманда Буткез, додека комесар е директорот на МСУ, Авни Ќаили.
Годинашната тема на Биеналето е „Во молски тоналитети“ (In Minor Keys), конципирана од Којо Куох, чиј концепт ќе биде реализиран постхумно. На манифестацијата ќе учествуваат 110 уметници, со 100 национални претставувања и 31 дополнителен настан.