Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Изложбата за масовната гробница од Скупи претставена во Римскиот музеј во Вајсенбург

Изложбата за масовната гробница од Скупи претставена во Римскиот музеј во Вајсенбург

Државниот секретар во Министерството за култура и туризам Марија С. Ѓоргова вчеравечер во присуство на голем број гости, се обрати на свеченото отворање на изложбата „Пријател или непријател? – Римска масовна гробница во Скупи“, Римскиот музеј во Вајсенбург, СР Германија.

 

Во своето обраќање, Ѓоргова истакна дека изложбата претставува значаен пример за успешна меѓународна соработка меѓу Македонија и Германија, нагласувајќи дека културата и археологијата претставуваат мостови што ги поврзуваат народите и овозможуваат подобро меѓусебно разбирање.

 

Ѓоргова нагласи дека преку археолошките откритија од античкиот град Скупи се отвораат важни прашања за животот, смртта и општествените односи во римската провинција. Таа потенцираше дека артефактите не се само научни наоди, туку и сведоштва за човечките судбини, верувања и културни врски во рамките на Римската Империја.

 

Таа посочи дека изложбата, која претходно беше претставена во Археолошкиот музеј во Франкфурт, предизвикала голем интерес кај јавноста и дека нејзиното гостување во Вајсенбург претставува продолжување на таа успешна културна приказна.

 

Во обраќањето државниот секретар ја истакната и улогата на Римскиот музеј во Вајсенбург, кој со својата работа придонесува за зачувување и промоција на римското културно наследство, како и важноста на соработката со Музејот на град Скопје и другите партнерски институции.

 

Ѓоргова изрази благодарност до тимовите на двата музеја Римскиот музеј  и Музејот на град Скопје за нивната посветеност и професионалност, нагласувајќи дека ваквите проекти ја потврдуваат заложбата за континуирана соработка во областа на културата, вклучително и соработката со Германско-римската комисија при Германскиот археолошки институт во Франкфурт.

Мени за пристапност