Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Започна новата концертна сезона на Македонската филхармонија

Започна новата концертна сезона на Македонската филхармонија

Со концертот „Класика РеСтарт“, вчера (2.10.2025 г.) започна новата концертна сезона на Македонската филхармонија. На концертот настапи врвниот колумбиски виолончелист Сантјаго Канон Валенсија, а диригент беше маестро Јерухам Шаровски. На програмата беа дела од Бете Илин, Едвард Елгар и Антонин Дворжак.

Оркестарот на Македонската филхармонија и во сезоната 2025/2026,  на 28 октомври ќе гостува во Виена каде што како солисти ќе настапат Ана и Игор Дурловскиа.

Роденденскиот концерт е на 27 ноември со врвниот ерменски виолинист Сергеј Хачатријан, а ќе настапат и виолистот Александар Земцов, виолинистите Теди Папаврами, Ава Бахари, Шкељзен Доли, харфистката Анелин Ленеартс, пијанистите Ендру фон Ојен и Алим Беисембајев, како и еден од најдобрите виолинисти во моментов – Нинг Фенг од Кина. 

Освен симфониските концерти, публиката ќе има можност да проследи и интересни камерни концерти, како и симфониски концерти, наменети за најмладата публика.

 

Мени за пристапност