Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

„Зад кулисите 26“ со прва реприза утре во Штипскиот театар

„Зад кулисите 26“ со прва реприза утре во Штипскиот театар

Театарот при НУ Центар за култура „Ацо Шопов“ – Штип утре, 18 ноември, од 20 часот ќе ја изведе првата реприза на претставата „Зад кулисите 26“, чија премиера се одржа минатата недела.

Станува збор за современа комедија драма во режија на Драгана Милошевски Попова, која ја открива другата страна на театарскиот свет – животот на актерите и на театарските работници зад сцената, исполнет со љубовни заплети, суети, конфликти и соништа.

Адаптацијата на текстот е на Катерина Момева, драматург е Габриела Коцева Тулиев, а сценографијата и костимите се на Ирина Сомборац. Во претставата настапува актерскиот ансамбл на Штипскиот театар, предводен од Кристина Атанасова Арсова, Никола Кузелов, Анѓелка Нашкова, Миле Вратеовски и другите членови на екипата.

Мени за пристапност