Мешаниот хор на КУД „Стив Наумов“ од Битола гостува во Хрватска, каде што ќе одржи целовечерни концерти во Дубровник и во Конавле. Под диригентство на Лилјана Трајковска-Димевски, хорот ќе изведе македонски фолклорни песни со хорска обработка и современи хорски композиции.
Посебен момент ќе биде заедничкиот настап со хорот „Конавле“, на кој ќе ја изведат композицијата „Конавска венчавка“. Гостувањето го организира ХКЦ „Марко Марулиќ“ од Битола, со поддршка од општините Битола и Конавле, Туристичката заедница на Конавле и Град Дубровник.