Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ вечер продолжува со концертот на ансамблот „Загрепски солисти“.
Концертот ќе се одржи на сцената на катедралната црква „Света Софија“ во вообичаениот фестивалски термин од 21 часот. На програмата се дела од Менделсон, Параќ, Бокерини, Чајковски.