Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот Сулејмани на Свечена академија по повод 100 години Природонаучен музеј на Македонија

Министерство за култура и туризам Министерство за култура и туризам

Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани денеска (26 октомври) во 19:00 часот во Македонскиот народен театар ќе присуствува и ќе се обрати на Свечената академија по повод одбележувањето на 100-годишниот јубилеј на Природонаучниот музеј на Македонија.

 Во рамките на свеченоста ќе бидат доделени плакети и благодарници на соработници, институции и компании кои оставиле значаен белег во развојот на Музејот.

 Сто години постоење на Музејот сведочат за неговиот значаен придонес во истражувањето, документирањето и зачувувањето на природното наследство на Македонија, како и во научното истражување и едукацијата за значењето на заштитата на природата во нашата земја.

Мени за пристапност