На сцената на Националната опера и балет (НОБ) вечер ќе биде изведена една од најзначајните музички драми во оперската литература, „Риголето“ од Џузепе Верди.
Mузичката драма „Риголето“ ќе биде изведена под диригентската палка на Џанлука Мартиненги, а во режија на Пјер Франческо Маестрини. Сценографијата е на Гилермо Нова од Шпанија, додека костимографијата на Кристина Ачети.
Kореограф е Саша Евтимова, а концерт-мајстор и хор-мајстор се Климент Тодороски, Јасмина Ѓорѓеска и Ѓурѓица Дашиќ.
Насловната улога Риголето ќе ја толкува гостинот од Јужна Кореја, Леон Ким, во улогата на Џилда ќе настапи Биљана Јосифов, во улогата на Војводата од Мантова, Чуан Ванг од Кина, во улогата на Спарафучил, Владимир Саздовски, а во другите улоги настапуваат: Николина Јаневска, Борко Биџовски, Драган Ампов, Јане Дунимаглоски, Александра Лазаровска Василевски, Диме Петров, Марика Поповиќ, Десанка Глигоријевиќ, заедно со хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.