Во македонскиот Културно-информативен центар во Софија вечер со почеток во 18:30 часот ќе се одржи вечер посветена на книжевното творештво на истакнатиот македонски поет и есеист, Славе Ѓорѓо Димоски. Настанот се организира по повод 20-годишнината од отворањето на Центарот.
За книжевниот опус и литературните квалитети на Димоски ќе говори проф. д-р Зоран Пејковски, директор на македонскиот КИЦ во Софија.