Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Светска премиера на „Силјан“ во режија на Тамара Котевска на Филмскиот фестивал во Венеција

Светска премиера на „Силјан“ во режија на Тамара Котевска на Филмскиот фестивал во Венеција
По историскиот успех на „Медена земја“ – со три награди на „Санденс“ (Sundance) и две номинации за Оскар – и интернационалниот успех на документарецот „Пaтување пеш“ („The Walk“), македонската режисерка Тамара Котевска се враќа на голема врата. Нејзиниот нов филм „Силјан“ („The Tale of Silyan“) ја доби честа да ја има својата светска премиера на престижниот Филмски фестивал во Венеција 2025, во официјалната селекција „Out of Competition“.

Котевска е и режисерка и продуцентка на филмот, кој е реализиран во копродукција со американската компанија „Конкордија“ (Concordia) и британската „Корнершоп“ (The Cornershop). Други продуценти се Жан Дакар (Jean Dakar) и Јорданчо Петковски, со кого Котевска го снима нејзиниот прв долгометражен филм „Човек против јато“.

Мени за пристапност