Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Во македонскиот КИЦ во Белград отворање на изложбата „Пресек за скулптурата над“ од Славчо Спировски

Во македонскиот КИЦ во Белград отворање на изложбата „Пресек за скулптурата над“ од Славчо Спировски

Македонскиот КИЦ во Белград од денеска (23 септември), со свеченото отворање во 19 часот, па до средината на октомври, ќе биде домаќин на изложбата „Пресек за скулптурата над“ од реномираниот македонски скулптор Славчо Спировски. Изложбата ќе ја отворат директорот на КИЦ во Белград, проф. д-р Васко Шутаров и Тони Цифровски, новинар од Македонско радио, кој ќе го поздрави настанот и ќе прочита дел од ликовната рецензија од Маја Чанкуловска-Михајловска.

Оваа изложба е прво самостојно претставување на Славчо Спировски во Белград, а проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам на Македонија. 

Славчо Спировски дипломира во 2006 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на педагошкиот оддел, отсек вајарство во класата на професор Станко Павлески, како студент на генерацијата. Освен во македонските галерии, негови самостојни изложби се претставувани и во Берлин, Софија и Загреб, а има учествувано и на голем број групни изложби во: Србија, Бугарија, Хрватска, Либан, Италија.

Мени за пристапност