Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков во работна посета на Битола

Министерство за култура и туризам Министерство за култура и туризам

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков на 22 јуни 2026 година (понеделник) ќе престојува во работна посета во Битола.

 

Во рамки на посетата, министерот ќе оствари средба со раководството на Општина Битола, по што ќе изврши увид во тековните градежни активности во Кино „Партизан“. 

 

По увидот, во 11:45 часот предвидена е изјава за медиумите.

 

Работната агенда продолжува со посета на Јени Џамија и увид во конзерваторските и реставраторските работи што се реализираат на овој значаен објект од културното наследство. Посетата на Битола ќе заврши со обиколка на археолошкиот локалитет Хераклеа.

 

Во прилог ви ја доставуваме агендата за следење на активностите.

 

Ги покануваме претставниците на медиумите да присуствуваат и да ги проследат настаните.

АГЕНДА

Мени за пристапност