Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Во КИЦ во Белград отворена фотографската изложба „Осончена тишина“

Во КИЦ во Белград отворена фотографската изложба „Осончена тишина“

Пред многубројна публика, вчеравечер во Македонскиот културно-информативен центар во Белград беше свечено отворена фото-изложбата „Осончена тишина“ на Александра Костадиновска.

 

Преку 24 фотографии, авторката пред публиката претставува личен и интимен патувачки дневник, создаван низ различни европски дестинации, доловувајќи моменти на тишина, светлина и внатрешна рефлексија.

 

Изложбата ја отворија кураторката Јасминка Намичева и директорот на КИЦ во Белград, а белградската публика ќе може да ја посети секој работен ден, сè до 21 март.

Мени за пристапност