Изложбата „Зимски салон 2026“, во организација на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ), вечер ќе биде отворена во Националната галерија, објект „Мала станица“.
Концептот на изложбата и изборот на делата ги направи словенечката ликовна критичарка со меѓународна значајна професионална биографија, како и кураторка на многу ликовни проекти, Лилјана Степанчиќ.
Изложбата ќе ја отвори претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, како покровител. Ќе се обратат претседателката на ДЛУМ, Јана Манева-Чупоска, претседателката на уметничкиот совет на ДЛУМ, Маја Рауниќ-Кирков, кураторката Лилјана Степанчиќ од Љубљана и програмскиот директор на НГМ „Мала станица“, Маја Крстевска.