Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

„Во чест на поетот“ – културен настан посветен на Ацо Шопов

„Во чест на поетот“ – културен настан посветен на Ацо Шопов

Денеска во 12:00 часот во Спомен-собата при НУ ЦК „Ацо Шопов“ – Штип ќе се одржи културниот настан „Во чест на поетот“, по повод одбележувањето 102 години од раѓањето на Ацо Шопов. Настанот е посветен на животот и творештвото на еден од најзначајните македонски поети и неговиот траен придонес во македонската култура и литература.

 

Во програмата на настанот е предвидена промоција на книгата „Вообразби лирски етиди за некој друг свет“ од Бранко Цветкоски, со промоторот епископ дремвитски Давид (Нинов), како и доделување признание на авторот Бранко Цветкоски за неговиот значаен придонес во афирмацијата и популаризацијата на ликот и делото на Ацо Шопов.

 

Настанот има цел да придонесе кон континуирано негување на културната меморија, поетската традиција и вредностите на македонската книжевност.

Мени за пристапност