Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

СООПШТЕНИЕ ЗА КОНКУРС ЗА ОТКУП НА ЛИКОВНИ ДЕЛА ЗА 2026 ГОДИНА

Министерство за култура и туризам Министерство за култура и туризам

Со цел поттикнување на современото ликовно творештво, развој на ликовната култура, обезбедување континуитет во развојот на македонската ликовна сцена и збогатување на збирките во националните установи од областа на културата, Министерството за култура и туризам објавува Конкурс за откуп на ликовни дела за 2026 година.

Откупот ќе се реализира во текот на 2026 година и ќе опфати уметнички дела од областа на визуелните уметности од галериски формат, со средства обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија за 2026 година.

Право на учество имаат автори кои ги исполнуваат условите наведени во конкурсот. Дополнителни информации може да се најдат на веб-страницата, во делот „Други конкурси“.

 

Мени за пристапност