Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Во Битола отворено 27. издание на Интернационалниот фестивал на монодрама

Во Битола отворено 27. издание на Интернационалниот фестивал на монодрама

Новото издание на Интернационалниот фестивал на монодрама започна со спектакуларно отворање што го приреди НУ Центар за култураБитола низ мегаизложбата на фотографии „Лауреати на фестивалот“, музички перформанс и монодрама, што ја изведе актерката Тијана Дапчевиќ.

 

Гостите од градот, од државава и од странство ги поздрави Сашо Илковски, директор на НУ Центар за култура, кој истакна дека на фестивалските сцени во Битола ќе настапат актери од повеќе европски земји и од Египет.

 

Интернационалниот фестивал на монодрама денеска продолжува со настап на актерите што ќе се натпреваруваат за наградата Гран при. Според програмата, на големата сцена ќе биде изведена монодрамата „Џег Хамлет“ што ќе ја одигра актерот Дени Денис од Данска, на новата сцена актерот Ахмед Јехија Махмуд Авад од Египет ќе ја изведе монодрамата „Поштарот на Неруда“, а во вечерната програма ќе биде изведена монодрамата „Животот нема наслов“ во која ќе настапи актерката Енџи Николоска.

Мени за пристапност