Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Валентина Поцеска со изложбата „Како вода за чоколада...“ во Чифте амам

Валентина Поцеска со изложбата „Како вода за чоколада...“ во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, во објектот Чифте амам, вечер во 20 часот ќе биде отворена самостојната изложба на Валентина Поцеска, „Како вода за чоколада...“.

 

Изложбата, што ќе биде поставена до 25 мај 2026 година, опфаќа околу 60 дела создадени во периодот од 2020 до 2026 година, реализирани во комбинирана техника.

 

Преку слоевит визуелен израз, авторката обработува теми поврзани со меморијата, културното наследство, личните наративи и современите општествени состојби.

Мени за пристапност