Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Турскиот театар премиерно со претставата „Амадеус“ вечер на „Охридско лето“

Турскиот театар премиерно со претставата „Амадеус“ вечер на „Охридско лето“
Во рамките на драмскиот дел на „Охридско лето“, вечер премиерно ќе биде одиграна театарската претстава „Амадеус“ од авторот Петер Шафер, режија на Андреј Цветановски, а во изведба на Националната установа Турски театар од Скопје.

Улогите во претставата ги толкува многубројна актерска екипа: Селпин Ќерим, Јеткин Сезаир, Слаѓана Вујошевиќ, Аксел Мехмет, Џенап Самет, Бурханедин Ибрахим, Емине Халил, Озан Илдриз и Игбал Саидова.

Претставата ќе се игра на сцената на Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21 часот.

Мени за пристапност