Македонскиот Културно-информативен центар во Загреб беше домаќин на аудио-визуелното предавање „Историја на македонската рок музика“ на Тошо Филиповски, кое привлече бројна публика и предизвика голем интерес.
На присутните им се обратија директорката на КИЦ, Мими Ѓоргоска Илиевска, и амбасадорот на Република Македонија во Хрватска, Драган Ѓурчевски, кои ја истакнаа важноста на зачувувањето и промоцијата на македонското музичко наследство и улогата на КИЦ во афирмацијата на македонската култура.
Преку богата аудио-визуелна презентација, Филиповски го претстави развојот на македонската рок сцена од нејзините почетоци до денес, потврдувајќи го своето значајно место како хроничар и истражувач на македонската рок музика.
Настанот се реализираше со поддршка од Министерството за култура и туризам.