Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

„Тоска“ од Пучини в сабота на „Мајски оперски вечери“

„Тоска“ од Пучини в сабота на „Мајски оперски вечери“

Во рамки на 54. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“, в сабота во Националната опера и балет ќе биде изведена оперската претстава „Тоска“ од Џакомо Пучини — едно од најпознатите и најемотивни дела на светската оперска сцена.

 

Под режија на Огњан Драганов од Бугарија и под диригентската палка на Марчин Наленч Њешјоловски од Полска, претставата носи приказна исполнета со љубов, страст, љубомора и драматична неизвесност. Сценографијата е на Зоран Николовски, а костимографијата на Марија Пупучевска.

 

Во насловната улога ќе настапи српската сопранистка Марија Јелиќ, заедно со солисти од Бугарија, Италија и од Националната опера и балет.

 

Од НОБ посочуваат дека музиката на Пучини, во комбинација со впечатливата сценографија и оркестарот во живо, создава незаборавно сценско доживување што со генерации ја освојува светската публика.

Мени за пристапност