Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Томислав Османли и Никола Маџиров ја претставуваат македонската литература во грчката антологија „Балкан“

Томислав Османли и Никола Маџиров ја претставуваат македонската литература во грчката антологија „Балкан“

Од 26 до 28 септември во Грција ќе се одржи значаен културен и книжевно-теоретски настан – првиот Конгрес на интелектуалци, со наслов „Меѓубалкански литературни среќавања“ и со поднаслов „Разбирајќи го Балканот низ литературата“.

Во пресрет на Конгресот, беше објавена антологијата „Балкан – современа книжевна антологија“ (издание на „Маѝстрос“, Атина, септември 2025 г.). Составувачи на изданието со обем од 456 страници се Еви Вулгараки-Писина, Ангелос Калогеропулос и Димитрис Склирис.

Станува збор за јазично комплетна книжевна антологија што опфаќа преводи на грчки од сите балкански јазици. Вклучени се дела од 57 автори и 12 преведувачи од: Грција, Србија, Романија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Бугарија, Турција, Кипар, Словенија, Црна Гора, Албанија и Хрватска.

Во новата антологија се вклучени и преводи од македонски јазик на творби од двајца истакнати автори: прозаистот Томислав Османли и поетот Никола Маџиров. Преводите на грчки јазик ги направи Мариа Думба.

Мени за пристапност