Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Во македонскиот КИЦ во Белград отворена изложбата „Простори на конјункција“

Во македонскиот КИЦ во Белград отворена изложбата „Простори на конјункција“

Во македонскиот Културно-информативен центар во Белград беше отворена изложбата „Простори на конјункција/Картографија на фрагментот: Наративи, граници, меморија“, на која се претставени дела од реномирани македонски автори. Изложбата ја организира КИЦ во соработка со Националната галерија на Македонија. Куратори се: д-р Ана Франговска, Горанчо Ѓорѓиевски, Маја Неделкоска-Брзанова и Маја Чанкуловска-Михајловска од Националната галерија.

Изложбата првично беше претставена во Софија во август, сега е во Белград и ќе биде поставена до крајот на септември. Во почетокот на октомври ќе биде поставена во Истанбул и до крајот на годината во Загреб.

Концепцијата што ја правеа кураторите за изложбата еприказнапростори на спојување. Тука станува збор за комуникација меѓу големите наративи, големите идеи, големите нешта што го движат светот, и – малите лични драми, успеси подеми и падови кои уметниците ги имаат низ своите дела во комбинирани техники на начини на кои најдобро го претставуваат тоа – како нивните мали лични наративи комуницираат со големата приказна, нагласи во обраќањето директорот на македонскиот КИЦ во Белград, Васко Шутаров. 

Мени за пристапност