На 5 ноември 2026 година во 19 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена изложбата „Точка на вриење“ на младата ликовна уметница Мартина Павлевска.
Изложбата опфаќа дваесетина дела од нејзината најнова продукција, преку кои авторката ги истражува прашањата за идентитетот, сеќавањата, емоциите, личните конфликти и потрагата по индивидуална слобода.
Мартина Павлевска е студентка на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ во Скопје и има учествувано на многубројни групни изложби и уметнички проекти во земјава и во регионот.
Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 11 ноември 2026 година.