Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Со праизведбата на драмата „104“ во Тетово, се заокружува трилогијата на Драгана Лукан Николоски, во режија на Нина Николиќ

Со праизведбата на драмата „104“ во Тетово, се заокружува трилогијата на Драгана Лукан Николоски, во режија на Нина Николиќ

На 11 ноември 2026 година во 20 часот во НУ Тетовски театар – Тетово премиерно ќе биде изведена драмата „104“ од Драгана Лукан Николоски, во режија на Нина Николиќ. Со оваа претстава се заокружува „Трилогија за ’љубовта‘“, која ги обединува драмите „Марта Верина“, „АННА“ и „104“. По изведбата ќе се одржи промоција на истоименото книжно издание, објавено од „Чудна шума“.

Драмата „104“ ја следи приказната за Милена и Јован, чија врска се соочува со љубомора, недоверба и потреба за контрола по еден разговор за минатото. Претставата ги отвора прашањата за интимноста, блискоста и границата меѓу љубовта и поседувањето.

Во претставата играат: Ѓорѓи Нешковски, Ангела Стојановска, Петрит Назири, Ирена Мирческа и Марко Богдановски. Сценографијата е на Илина Ангеловска, костимографијата на Ивана Каранфиловска Угуровска, а музиката е на Оливер Јосифовски.

Мени за пристапност