Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Театарот „Војдан Чернодрински“ при НУ ЦК „Марко Цепенков“– Прилеп вечер гостува во Вевчани

Театарот „Војдан Чернодрински“ при НУ ЦК „Марко Цепенков“– Прилеп вечер гостува во Вевчани

Театарот „Војдан Чернодрински“ при НУ ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп вечер, 10.7.2025 г.,   гостува во Вевчани, каде што во рамките на „Вевчанско лето 2025“,  во Домот на културата од 20:00 часот, ќе ја изведе претставата „Чиста куќа“ од Сара Рул, во режија на Тамара Стојаноска.

„Чиста куќа“ е последна премиера на театарот и е претстава што раскажува длабока човечка приказна за животот и смртта, преку пет различни, но меѓусебно испреплетени ликови. 

Играат актерите: Даниела Иваноска, Наташа Ачански, Катерина Чакмакоска-Клинческа, Јасмина Мицовска Станкоска и Димитар Ѓорѓиевски.

Мени за пристапност