Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Концерт на македонски уметници на фестивал во Драч

Концерт на македонски уметници на фестивал во Драч

В петок (11.7.2025 година) во црквата „Света Луција“ во Драч, со почеток во 19:30 часот, концерт ќе одржат македонските уметници Ана Митоска – сопран и Јанинка Невчева – пијано.

Концертот е во организација на Културно-информативниот центар на Северна Македонија во Тирана, во соработка со Фестивалот за камерна музика во Драч. Фестивалот за камерна музика во Драч е еден од најпрестижните фестивали за класична музика во Албанија и оваа година се одржува по 20-ти пат. Концертот на македонските уметници е дел од заложбите на директорката на КИЦ во Тирана, Ема Попивода, за продлабочување на културната соработка меѓу Северна Македонија и Албанија, преку промоција на високи уметнички достигнувања и размена на музички вредности.

Овој настап претставува уште една потврда за важната улога на македонските музичари на регионалната културна сцена, како и за посветеноста на Македонскиот културен центар во Тирана во афирмирањето на македонската уметност во Албанија.

Мени за пристапност