Министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, оствари средба со директорот на Театарот во Тетово, Хасим Мемиши – Сопи, на која разговараа за тековната работа на институцијата, уметничката програма и предизвиците со кои се соочува театарот.
Театарот во Тетово низ годините се афирмираше како значајна театарска институција во земјава, со успешни продукции и континуирано присуство на фестивали и сцени во земјава и во странство.
На средбата посебно внимание беше посветено на потребата од создавање подобри инфраструктурни услови за работа на уметниците и реализација на театарските продукции. Се разговараше и за зајакнување на репертоарот, поддршка на новото творештво и унапредување на соработката со театри и фестивали во земјава и во регионот.
Министерството за култура и туризам останува посветено на создавање услови во кои театрите ќе бидат простор за нови идеи, развој на уметниците и градење траен однос со публиката. Поддршката на културните институции и нивниот развој ќе продолжи преку конкретни политики, партнерство и резултати.