Светскиот ден на театарот, 27 Март, Театарот „Војдан Чернодрински“ ќе го одбележи со изведба на претставата „Чудесната напивка“ на Театарот „Златен Елец“, со почеток во 11:30 часот, во големата сала при НУ ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп.
Во претставата настапуваат: Бобан Алексоски, Надица Петрова, Бранко Михајлоски, Тодор Стојковски и Ванеса Тримчевска.
Претставата ја следи приказната за младиот волшебник Хари Потер и неговите другари кои ја откриваат чудесната напивка на волшебникот Гринимор и се соочуваат со лошата волшебничка Валдена и опасноста од враќањето на Волдеморд.
Ова е интерактивна и поучна претстава за деца од 3 до 11 години која преку игра и магија ги истакнува љубовта, другарството и вербата како најголеми вредности.