Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Драмски ќе го одбележи Светскиот ден на театарот со крводарителска акција

Драмски ќе го одбележи Светскиот ден на театарот со крводарителска акција

По повод 27 март – Светскиот ден на театарот, Драмскиот театар, во соработка со Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош, организира хуманитарна акција за дарување крв.

 

Акцијата има цел да ја подигне свеста за значењето на крводарителството и да помогне во спасување човечки животи. Со еден чин на дарување, секој може да даде надеж, да биде дел од синџирот на добрина и да ја покаже човечноста во заедницата.

 

Актерите од Драмскиот театар ги повикуваат сите граѓани да се вклучат во оваа благородна иницијатива и да станат дел од дело на хуманост и солидарност. Во знак на благодарност, секој крводарител ќе добие подарок – два билета за театарска претстава од редовниот априлски репертоар.

 

Акцијата ќе се одржи на 27 март од 11:00 до 17:00 часот во фоајето на Драмскиот театар.

 

„Дарувај крв – одиграј ја најхуманата улога!“ – покажи дека театарот не е само сцена, туку и простор за грижа, солидарност и љубов кон човекот.

 

Мени за пристапност