Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Театар Штип со бесплатна изведба го одбележува 27 Март – Светскиот ден на театарот

Театар Штип со бесплатна изведба го одбележува 27 Март – Светскиот ден на театарот

Светскиот ден на театарот, 27 Март, НУ ЦК „Ацо Шопов“ Театар Штип ќе го одбележи со изведба на комедијата „Случајната смрт на еден анархист“ од Дарио Фо.

 

Настанот ќе се одржи на 27 март 2026 година (петок), со почеток во 20:00 часот, во Театар Штип, а влезот ќе биде слободен за публиката, со претходна резервација поради ограничен број на места.

 

Станува збор за една од најпопуларните претстави на репертоарот, која преку хумор и сатира обработува теми блиски до современото општество и секојдневието, предизвикувајќи силна реакција кај публиката.

 

Во претставата настапуваат: Ефтим Трајчов-Ѓаурски, Милорад Ангелов, Марија Минчева Андонов, Никола Кузелов, Стефанија Митовска и Ава Хусеини.

 

Мени за пристапност