Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

„Танец“ и „Ладо“ заедно под ѕвездите во Скопје и Битола

„Танец“ и „Ладо“ заедно под ѕвездите во Скопје и Битола

Македонскиот национален ансамбл „Танец“ и хрватскиот ансамбл „Ладо“ ова лето ќе одржат два ексклузивни заеднички концерти под наслов „Една ноќ под ѕвездите“. Настапите ќе се реализираат на 8 јули на Античкиот локалитет Хераклеја во Битола и на 10 јули во Националната опера и балет во Скопје.

Публиката ќе има ретка можност да ужива во спојот на македонскиот и хрватскиот фолклор, преку врвни изведби, традиционална музика, моќни вокали и автентични кореографии, изведени од врвни играчи и музичари во раскошни народни носии. Концертите претставуваат вистинска прослава на традицијата, културното наследство и пријателството меѓу двете земји.

Со внимателно подготвена програма и уникатен сценски амбиент, „Една ноќ под ѕвездите“ ветува незаборавно доживување за сите љубители на фолклорот и традиционалната музика. Билетите се веќе во продажба на kupikarta.com.

Мени за пристапност