Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

„Избраниот“ премиерно во Театар Комедија

„Избраниот“ премиерно во Театар Комедија

Театар Комедија на 28 мај со почеток во 20 часот премиерно ќе ја изведе претставата „Избраниот“, работена по текст на Ева Камчевска, а во режија на Јане Спасиќ.

Претставата е апсурдна комедија што ја следи приказната за тричлено семејство кое живее во рудиментарна средина и се подготвува да му ја открие „вистината“ на својот син единец за неговата посебност.

Во претставата играат: Тони Денковски, Жаклина Петровска, Виктор Арсов, Сергеј Димоски, Елена Кузманов и Ангела Лефкова. Сценографијата е на Мери Батакоја, а костимографијата на Ивана Каранфиловска-Угуровска.

Мени за пристапност