Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Свечено отворено 46. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“

Свечено отворено 46. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“

Со проекција на филмот „Мајка“ на Теона Стругар Митевска и со доделување на фестивалските признанија, во Битола беше отворено 46. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.

Најстарата светска манифестација посветена на кинематографијата, која годинава се одржува под мотото „Сон на платно“, носи филмови прикажани на престижните фестивали во Кан, во Венеција и во Берлин, кои ќе се натпреваруваат за златна, сребрена и бронзена „Камера 300“.

Златната „Камера 300“ за животно дело  му беше доделена на Дариус Конџи, ирански кинематографер со богата меѓународна кариера. Добитници на  наградите за особен придонес во светската филмска уметност се турскиот кинематографер  Семи Капланоглу и американскиот оскаровец Воли Фистер.

Македонскиот композитор Кирил Џајковски е добитник на признанието „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ за неговиот придонес во филмската музика и културата, што ќе му биде врачено на затворањето.

Фестивалот ќе заврши на 26 септември со проекција на филмот „Диџеј Ахмет“ во режија на Георги М. Унковски, снимен од кинематограферот Наум Доксевски.

Мени за пристапност