Врз основа на членовите 1,5,12,16,17 и 18 од Законот за државните награди и Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ”бр.52/06,54/07,74/12, 99/18 и Сл. весник на РСМ бр. 98/19), Одборот за доделување на државната награда „Св.Климент Охридски” на седницата одржана на 16.10.2025 година донесе
О Д Л У К А
за доделување на државната награда „Св.Климент Охридски” за 2025 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Северна Македонија
1. Во областа на воспитанието и образованието наградата му се доделува на:
- академик Витомир Митевски, филозоф и класичен филолог
2. Во областа на културата и уметноста наградата им се доделува на:
- Беди Ибрахим, ликовен уметник
Оваа Одлука влегува во сила од денот на донесувањето и ќе се објави во ,,Службен весник на РСМ” .
Претседател на Одборот за државната
награда„Св. Климент Охридски”
Томислав Османли
Претседател на Одборот за државната
награда „Св. Климент Охридски”
Томислав Османли