Министерот за култура и туризам Зоран Љутков утре, вторник (25.11.2025 г) во 11:00 часот ќе ја посети Националната установа Театар „Комедија“.
За време на посетата министерот Љутков заедно со амбасадорот на Република Полска Мариуш Бримора кој ќе присуствува на настанот ќе направат увид во реализацијата на проектот за набавка на опрема во оваа установа.
Изјава за медиуми предвидена е за 11: 30 часот.
Го покануваме вашиот медиум да го проследи настанот.