Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Соопштение за доделување на државната награда „Св.Климент Охридски“ за 2026 година

Министерство за култура и туризам Министерство за култура и туризам

Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“, во согласност со Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ“ бр. 52/06, 54/07, 74/12, 99/18 и „Службен весник на РСМ“ бр. 98/19) и Правилникот за работа на Одборот, на  својата  седница одржана на 28.10.2026 година, донесе:

О Д Л У К А

за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ за  2026 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната  дејност од јавен интерес на Република Северна Македонија

 

1.  Во областа на воспитанието и образованието, наградата им се доделува на:

 

             – проф. д-р Ицко Ѓоргоски, биолог;

             – проф. д-р Виолета Ачкоска, историчар;

             – проф. д-р Али Пајазити, универзитетски професор.

 

2. Во областа на културата и уметноста, наградата му се доделува на:

 

             – проф. м-р Јован Шумковски, ликовен уметник.

                       

Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 8 декември 2026 година (вторник) во 11 часот, во Свечената сала на Собранието на Република Северна Македонија.

 

   Претседател на Одборот за државната

    награда „Св. Климент Охридски“,

    проф. д-р Драги Митревски

Мени за пристапност