Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

„Орбис“ – нов почеток на македонскиот порцелан

„Орбис“ – нов почеток на македонскиот порцелан
Порцеланскиот сервис за чај „Орбис“, авторски проект на дизајнерот Филип Фидановски, ќе биде промовиран на 27 ноември во 19:00 часот во Културно-информативниот центар – Скопје. На промоцијата ќе биде претставен и каталогот за проектот, а промотор ќе биде проф. д-р Емилија Фиданевски од Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ.
 
„Орбис“ претставува спој на уметноста, индустрискиот дизајн, архитектурата и технологијата на порцеланот, со посебно значење за македонската применета уметност, како нов почеток во создавањето домашни порцелански производи, повеќе од две децении по згаснувањето на „Порцеланка“ во Велес.
 
Инспириран од споменикот „Илинден“ – Македониумот во Крушево, сервисот преку современ дизајн ги интерпретира неговите карактеристични геометриски форми, поврзувајќи го културното наследство со современата уметност и функционалниот дизајн.
 
Проектот е реализиран со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам, а со поддршка од Културно-информативниот центар – Скопје и други партнери.

Мени за пристапност