Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Со „Реквием“ од Моцарт ќе биде отворена новата сезона на Националната опера и балет

Со „Реквием“ од Моцарт ќе биде отворена новата сезона на Националната опера и балет

Националната опера и балет вечер во 20:00 часот ќе ја отвори новата сезона 2025/2026 со „Реквием“ од Волфганг Амадеус Моцарт.

Под диригентската палка на истакнатиот италијански диригент Џанлука Мартиненги, македонската публика ќе има можност да присуствува на извонредна изведба на дело што ги отсликува генијалноста, длабочината и духовната сила на Моцарт.

Солисти ќе бидат Биљана Јосифов (сопран), Николина Јаневска (мецосопран), Јане Дунимаглоски (тенор) и Владимир Саздовски (бас).

Заедно со оркестарот и хорот на Националната опера и балет, тие ќе создадат незаборавно музичко доживување што ќе го означи почетокот на новата сезона.

Мени за пристапност